Колку го цените вашето менаџерско време?

Мал или голем, хостел или најлуксузен хотел, со неколку или со многу соби – каков и да е, на вашиот хотел секогаш му е потребен софтвер за работење кој ќе направи да имате целосна контрола над вашиот бизнис.

Како сопственик или менаџер на хотел, вистинска моќ е да можете да се потпрете на организиран систем кој ќе ве ослободи од повторливите и здодевни задачи за да можете да се фокусирате на вашите гости.

Препуштањето на секојдневните обврски, кои немаат крај кога станува збор за хотелското менаџирање, може целосно да ве апсорбира. За да ги намалите фрустрациите и за да управувате со вашиот бизнис со леснотија и софистицираност што ќе ги воодушеват вашите гости, ви го претставуваме нашиот софтвер за хотелско работење: Hospes.

Ова се неколку причини зошто квалитетниот софтвер за хотелско работење како Hospes ќе ви биде сојузник во менување на вашиот бизнис модел на подобро.

Времето е пари

Секој суперхерој има екипа од помошници. Во екипата на зафатениот сопственик или менаџер на хотел, секако, тука е персоналот. Но, еден клучен страничен играч кој може да направи буст на вашата продуктивност може да биде – технологијата!

Ајде да направиме едноставна пресметка. Замислете луксузен хотел со 15 соби во планински предел. За да биде поедноставно, ќе го сметаме прометот од издавање на собите. Да речеме дека една соба е 150 евра по вечер. Ако хотелот работи со целосен капацитет, на ден треба да има потенцијален приход од 2.250 евра. Ако во просек капацитетот му е исполнет 72%, просекот по вечер е 1.620 евра. Поделено со 24 часа на ден, приходот по час е 67,5 евра. Импресивно!

Но, што ќе се случи кога ќе се потрошат 15 минути во резервација за еден гостин по телефон, наместо да им овозможите самите да резервираат преку вашата веб-страница, како што сакаат повеќето гости? Тие 15 минути ќе ве чинат 16,88 евра. Ауч! Ако ги инвестирате тие 15 минути во технологија која ќе овозможи резервации преку вашиот сајт, пресметајте колку пари на ден заштедувате.

А колку пари ви е часот во вашиот хотел? Времето е пари, затоа потрошете го на активности кои ќе вратат пари.

И онака сте доволно зафатени

За сопствениците и менаџерите на хотелот листата на дневни обврски е бескрајна. Секогаш ќе има нешто да се направи: да се интервјуираат кандидати за работа, да се поздрават важни гости, да се пушти нова рекламна кампања, да се поправи нешто…

На сред тој хаос, зарем не би било супер да имате сигурно решение кое ќе ви биде десна рака? Добриот софтвер за хотелско работење може да биде вашиот спас. Со Hospes ќе имате мирна глава бидејќи ќе ви помогне да ги држите под контрола работите на следниве начини:

  • Лесен и компактен. Софтверот е едноставен за работа, така што персоналот лесно ќе научи да го користи.
  • Сè во едно. Во Hospes се вградени сите операции потребни за водење на хотелот и за сите останати сегменти на работењето.
  • Високо ниво на сигурност. Софтверот е сигурен и не дозволува манипулации со записите. Личните податоци на гостите се третираат во согласност со законските прописи и регулативите на хотелот. Автоматскиот „back-up“ на податоците во согласност со правилата и потребите на хотелот.
  • Модул за резервации преку вашиот веб-сајт. Напреден систем за резервации со синхронизиран динамички календар, кој ја отстранува можноста за повторување или неевидентирање на резервација.
  • Софтвер за собарки. Мобилна апликација за собарки поврзана со материјалното работење и рецепцијата, која овозможува давање задачи на собарките, евиденција на потрошувачката од минибаровите и пријавување грешки или оштетувања.
  • Менаџирање на позадинските работи. Плаќање, фактури, финансиски извештаи.. сè е многу полесно да се менаџира кога е на едно место, во еден ист софтвер.
  • Пристап од секаде – Hospes е модерен систем, кој функционира преку клауд-технологија. Ова значи дека каде и да сте, во реално време можете да пристапите до него преку вашиот мобилен уред поврзан на интернет и да ја следите работата и пополнетоста на вашиот хотел.

Со Hospes значително ќе ги намалите поплаките од гостите, поплаките од вработените и вашите лични поплаки кон другите. Софтверот ги организира операциите и обработува сите податоци со што ја намалува вашата ангажираност и ви овозможува вистински менаџерски поглед на сите работи.

Главната цел, секако, е да се одржи и зголеми профитабилноста на вашиот хотел, но и да се одржат на одржливо ниво вашите задачи и за да можете да работите поефикасно и со помалку стрес.

повелете, посетете не

Работно време

Понеделник -Петок 8:00-16:00
Техничка поддршка 24/7
Kонтакт тел: 070 262 072 и 071 209 021
Тел. за тех. поддршка: 070 387 386

Локација

ул. Дренак 5A / 10
1000, Скопје, Северна Македонија
info@bgsoft.mk
www.bgsoft.mk

powered by cyber38