Сите цени одат нагоре. А тие во вашето мени?

Кризата што ја предизвика коронавирусот низ целиот свет, веќе почна на големо да се огледува во порастот на цените во сите индустрии. Оваа појава не го одмина ни угостителството, па сопствениците на угостителските објекти кои беа најпогодени и не работеа со месеци, денес се исправени пред нов голем предизвик: ценовната политика.

Големата угостителска дилема

Како сопственици или менаџери на угостителски објект, сите ја знаете вредноста на вашите производи и на вашите услуги. Знаете каква ви е клиентелата, знаете што најмногу сакаат да јадат и да пијат вашите гости, сте го поставиле менито на здрави основи и наеднаш – сето тоа треба да го преиспитате и да донесете одлуки за менување на цените кои ќе имаат огромно влијание врз вашето работење.

Ако ги зголемите цените, од една страна, ќе ја задржите профитабилноста и ќе можете да продолжите да ги подмирувате вашите трошоци на време. Но, исто така, постои и опасноста гостите да почнат да доаѓаат поретко или да нарачуваат помалку кога веќе ќе седнат на маса и ќе ги видат новите цени во менито. Или да отидат во соседниот ресторан/кафуле каде што уште успеваат да работат со старите цени.

Вистинското прашање пред вас

Кога трошоците, и оние фиксните и оние варијабилните, одат нагоре, веќе не е прашање дали треба да се зголемат цените. Треба да го направите тоа и тоа што побргу. Притоа, вистинското прашање е: колку да ги зголемите цените – кое зголемување е најсигурно, односно со најмал ризик за вашиот бизнис.

Како луѓе што се занимаваат со изработка на софтвер и со одржување на системи за угостителско работење, не можеме да ви дадеме директен одговор на ова прашање, затоа што секој угостителски објект е приказна за себе. Сепак, нашите системи се создадени имајќи ги предвид сите потреби на угостителските објекти и на менаџерите, па знаеме дека единственото нешто што може да ви помогне да дојдете до точниот одговор на погорното прашање се: БРОЈКИТЕ!

И одговорот…

Да, треба да ги ископате сите достапни бројки од вашиот систем, да ги извадите сите можни извештаи и долго да ги анализирате. Врз основа на податоците што може да ги складира нашиот систем Barresto, на пример, можеме да ви кажеме дека треба да гледате во:

  • Состојбата на сите артикли, влезот и излезот
  • Колкави се трошоците и колкава е заработката од секој артикл
  • Во кој дел од денот имате најмногу промет, а кога најмалку, за да можете да направите оптимизација на бројот на вработените
  • ….

Кога ќе ги имате пред очи сите овие податоци, ќе можете да направите добра анализа и да донесете правилна одлука. Едноставно, знаете која ви е посакуваната профитна маргина. Ќе ја пресметате моменталната профитна маргина, имајќи ги предвид зголемените цени на намирниците и на останатите трошоци. Потоа, ќе видите колкава е разликата и колку е неопходно да ги зголемите цените за да можете да ја задржите профитабилноста на саканото ниво.

Ова ќе ви даде одговор на прашањето колку морате да ги зголемите цените во моментов. Сепак, ако направите подлабинска анализа на периодичното зголемување на цените, ќе можете да предвидите и дали и колку би се зголемиле цените во некој иден период, на пример во следните шест месеци. На тој начин, во новите цени можете однапред да ги ставите и тие дополнителни трошоци. Со тоа ќе си овозможите подолг период на работа со истите цени и ќе го намалите стресот од евентуална брза потреба од ново покачување.

Доколку сте наши клиенти, ви стоиме на располагање да ви помогнеме како подобро да ја направите оваа анализа преку системот Barresto. Доколку не сте, во секое време можете да ни се обратите за да ви ги претставиме сите поволности од користењето на нашиот систем во вашиот угостителски објект. На пазарот сме повеќе од 20 години, проблематиката ни е добро позната и затоа нашите решенија располагаат со најголема палета на опции и функционалности.

Па, со среќа!

повелете, посетете не

Работно време

Понеделник -Петок 8:00-16:00
Техничка поддршка 24/7
Kонтакт тел: 070 262 072 и 071 209 021
Тел. за тех. поддршка: 070 387 386

Локација

ул. Дренак 5A / 10
1000, Скопје, Северна Македонија
info@bgsoft.mk
www.bgsoft.mk

powered by cyber38